×

Грешка

Cannot retrive forecast data in module "mod_sp_weather".

Почитувани,

Добредојдовте на интернет страницата на ЗДРУЖЕНИЕТО НА СООБРАЌАЈНИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА (ЗСИМ).

Ми причинува особено задоволство како претседател на ЗСИМ, за прв пат да се обратам преку нашата интернет страна која треба да прерасне во инфо-сервис на сообраќајните инженери.

Основната намена на овој Инфо-сервис е во насока колегите сообраќајни инжинери да можат да разменуват ставови, мислења, информации, идеи итн. Исто така, доколку некој од нашите колеги располага со некоја информација или му треба било каква помош, дали било тоа од стручен карактер или ако негде има објавено оглас за запослување на сообраќаен инженер, тоа може да го сподели на нашиот Инфо- сервис.

Нашата соработка со колегите професори од Техничкиот факултет Битола – отсек Сообраќајно инженерство ќе се интензивира со можноста на интернет страната да се постават нивни излагања, предавања и ставови.

Во таа насока, на интернет страната ќе има и излагање на наши колеги, еминентни и докажани стручњаци, а ќе ги афирмираме и достигнувањата на нашите членови поединечно.

Од големо значење ќе биде ако ова страна се користи и од наши колеги кои не се вработени и кои не се членови на ЗСИМ. Се надеваме дека ќе ги поттикне да станат членови на ЗСИМ, со што тоа би прераснале во здружение кое ќе има реноме за да може да влијае на донесување и измени во законска регулатива, која е од битно значење за нашето функционирање. Кога сме кај законската регулатива, да ве потсетиме дека на нашата интернет страна постојат одредени закони и правилници кои можат да ви користат.

Сакам да ве посетам дека е во тек ажурирање на списокот на членови на ЗСИМ. Од тие причини, ги замолувам сите оние кои се регистрирани како членови на ЗСИМ и оние кои сакаат да станат членови тоа да го направат во што е можно пократок временски период. Сакам да ве информирам и тоа дека Извршниот одбор донесе одлука членарината да не биде обврзувачка, а за оние кои имаат желба и можност за плаќање на членарината, таа да изнесува 600,00 денари.

Како претседател на ЗСИМ, ги замолувам сите членови кои имат финансиска можност да си ја завршат оваа обврска. Во апликацијата СТАНИ ЧЛЕН е истакната ПРИСТАПНИЦАТА за зачленување во ЗСИМ, а исто така ја има и уплатницата на која може да ја уплатите членарината.

Сакам да напоменам и тоа дека Извршниот одбор донесе одлука за рекламирање на нашиот веб портал, па затоа им стоиме на располагање на сите заинтересирани компании кои имаат желба да се рекламираат.

На крај, на сите сообраќајни инженери им посакувам успех како на професионален така и на приватен план, сé со цел aфелата на сообраќајни инженери да се избори и да си го најде своето место во општествениот живот во Р. Македонија.

«  Декември 2016  »
НПВСЧПС
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

наши партнери

Scroll to top